Русите се заканија дека ќе ги гаѓаат американските сателити: „Тие се легитимна цел“

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Висок функционер на руското министерство за надворешни работи изјави дека комерцијалните сателити на Соединетите Држави и нивните сојузници би можеле да станат легитимни цели на Русија доколку се вмешаат во војната во Украина.

„Квази-цивилната инфраструктура може да биде легитимна цел на одмазднички удар“, изјави Константин Воронцов, заменик-директор на одделот за неширење и контрола на оружјето во министерството за надворешни работи, пренесува ТАСС.

„Зборуваме за САД и нивните сојузници кои вклучуваат компоненти на цивилната вселенска инфраструктура, вклучително и комерцијална вселенска инфраструктура, во вооружени конфликти“, рече Воронцов во Обединетите нации.

Десетици илјади луѓе загинаа во руско-украинската војна.

Слични содржини