Вооружените сили на Украина преместуваат странски платеници и воена опрема во селото Велики Бурлук во округот Купјан во Харковскиот регион, кое се наоѓа на границата со Русија, изјави Евгениј Лисњак, заменик-началник на руската администрација на Харковскиот регион, што објави Info24.
„Значително зголемување на бројот на членови на нелегални вооружени формации на Украина е забележано во населбата Велики Бурлук, која се наоѓа во близина на границата со Белгородскиот регион. Знаеме дека бројот на странски платеници во овие формации го надминува бројот на членови од украинска националност“, објасни тој.
Лисњак додаде и дека украинската страна активно преместува тешко оружје и воена опрема кон руската граница.
„Во исто време, целата опрема е сместена во приватни гаражи и помошни објекти во сопственост на цивили во тој регион“, вели тој.