
Руските космонаути во новиот стакленик во Меѓународната вселенска станица ќе се обидат да одгледуваат пиперки, а потоа и пченица и зелена салата, изјви заменикот директор на рускиот Институт за медицински и биолошки проблеми Владимир Сичијов, јавува ТАСС.
Новата стаклена градина, Лада 2, ќе биде поставена во декември и ќе почне нова серија експерименти. Првиот експеримент ќе биде прилично тежок бидејќи такви посеви никогаш не се одгледувани во вселената – а тоа е слатка пиперка, изјави Сичијов.
– Ако успееме ќе биде добро. После пиперата најверојатно ќе одгледуваме пченица, а потоа и зелена салата, дополни Сичијов.