Русија го запре протокот на нафта во Полска преку нафтоводот Дружба

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Извршниот директор на полската нафтена компанија „ПКН Орлен“, Даниел Обајтек, денеска соопшти дека Русија го запрела протокот на нафта преку нафтоводот Дружба, но дека „ПКН Орлен“ е подготвена за оваа ситуација.

„Русија го запре протокот на нафта во Полска, но ние сме подготвени за тоа. Само 10 отсто од суровата нафта доаѓа од Русија, ќе ја замениме со нафта од други извори“, изјави Обајтек, пренесува „Ројтерс“.

„ПКН Орлен“ соопшти дека прекинот на испораката на нафта преку нафтоводот Дружба нема да влијае на испораката на бензин и дизел до потрошувачите.

Слични содржини