Руска амбасада: Ќе превземеме чувствителни мерки за протерувањето

од Берта Китинска
242 прегледи

Руската амбасада во Скопје излезе со коментар во врска со прогласување на шестмина дипломати за непожелни од страна на Министерството за надворешни работи, кое им даде рок од пет дена да си заминат од земјата.

-Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани. Руските дипломати никогаш не се мешаа во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршуваа дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година. Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи, пишува во Фејсбук објавата на Руската амбасада во Република Северна Македонија.

Оттаму посочуваат дека руската страна ќе преземе чувствителни мерки .

-Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе “ на 28 март годинава, пишува во реакцијата.

Слични содржини