Руска амбасада: Наместо да анализира, ЕУ прибегна кон алатки за санкции

од Берта Китинска
298 прегледи

Руската амбасада во Скопје го пренесе соопштението од МНР на Русија во врска со санкциите од ЕУ како одговор на признавањето на сепаратистичките области Доњецк и Луганск од страна на Руската Федерација.

-Европската унија одлучи да ја поддржи нелегитимната американска практика на воведување еднострани рестриктивни мерки против Русија. Наместо да анализира што се случи и критички да размислува за нивната улога во ситуацијата во ДНР и ЛНР, ЕУ прибегна кон алатки за санкции. Погрешно верувајќи дека се ефикасни. Спротивно на општоприфатените меѓународни норми, ограничувањата на ЕУ ја засегна и претставничката на МНР на Русија, посочуваат од амбасадата во Скопје.

Оттаму велат дека западните земји немаат монопол врз меѓународното право и врз движечките сили на меѓународниот развој.

-Ниту ЕУ, ниту НАТО, како што се вели во чл. 8 од Повелбата за европска безбедност усвоена на Самитот на ОБСЕ во Истанбул во ноември 1999 година (https://bit.ly/3Il3O8Z), „не може да се додели примарна одговорност за одржување на мирот и стабилноста во регионот на ОБСЕ или да се смета како било која дел од него како сфера на својето влијание.” Никој не ја овласти ЕУ да ги решава проблемите на војната и мирот во Европа; само Советот за безбедност на ОН има таква меѓународна правна прерогативност, Во случајот со суверените ДНР и ЛНР, ЕУ не се ни потруди да ја разбере историската вистина. Да преземе чекори за обезбедување легитимните интереси на жителите на Донбас, нивното човечко достоинство и желбата за мирен живот на нивната земја, кои отворено се кршат веќе 8 години, велат од руското МНР.

Слични содржини