До неодамна тие беа егзотика, но денес беспилотните летала стануваат секојдневие. Тие помагаат при гаснење на пожари и спасување ја следат ситуацијата во градот и испорачуваат мали товари, каде што е потребно. Но, како што често се случува, речисисекој изум има друга страна, пишува Руска газета. 
За да бидат научени птиците да напаѓаат беспилотни летала, на телото на тодадената машина се приврзани парчиња месо. Уште првите тестирања покажале дека тие се добри за “лов”. На пример на д’Артанян му биле потребни само 20 секунди за да надмине 200 метри, да нападне квадрокоптера и да го врати “пленот во базата”. Можеби звучи прекрасно, но, за жал, орлите се справат подобро со апарати со средна големина, со маса, споредлива со масата на птицата (пет килограми), а да се неутрализираат поголеми машини е нешто невозможно за нив.