Руска инфлуенсерка веганка почина од глад и исцрпеност

од Stefanija Kuzmanovska
491 прегледи

Руската инфлуенсерка Жана Самсонова, позната по веганската исхрана, почина во Малезија од „глад и исцрпеност“ откако се префрли на „екстремна диета со само тропско овошје“, објави денеска „Дејли Мејл“.

Самсонова почина од инфекција слична на колера, влошена од нејзината екстремно рестриктивна исхрана, а официјалната причина за смртта не е утврдена бидејќи семејството се уште се обидува да го врати нејзиното тело во Русија.

Инфлуенсерката во Малезија премина од веганска кон исхрана со само сирово овошје и зеленчук, а на својот Инстаграм профил сподели, како што рече, „здрави“ рецепти.

„И покрај фактот што подготвувам фенси сирови јадења, јас самата јадам многу едноставно. Мојата храна е едноставна, без масло, без сол, без протеини. Денес за ручек имам вкусен кефир од авокадо, слатки чери домати и зрело авокадо“, напишала таа во една од своите објави.

„Дејли Мејл“ пишува дека нејзините пријатели и семејството ја предупредиле Самсонова дека нејзината исхрана е екстремна.

„Живеев на спратот над неа и секој ден се плашев дека наутро ќе го најдам нејзиното безживотно тело. Ја убедував да се лекува, но не успеа“, изјави една нејзина пријателка.

Друга рече дека поради таквата диета им се „стопила пред очи“.

„Само нејзините весели очи и раскошна коса компензираа за ужасната глетка на тело измачувано од идиотизам. Простете ми ако звучи грубо“, рече една нејзина пријателка.

Самсонова се хранеше вегански во последните 15 години, но нејзината исхрана стана сè порестриктивна со текот на годините, на крајот јадеше само сирово овошје и зеленчук и пиеше овошни сокови наместо вода.

Порталот наведува дека во 2021 година таа се разболела од вирусот Ковид-19 и дека тврдела дека се излечила од него со тоа што не пиела или јадела ништо повеќе од 10 дена.

Слични содржини