Рускиот рударски гигант “Алроса” ќе објави на аукција огромен 51-каратен дијамант “Династија” и четири други дијаманти со висока чистота со почетна цена од 10 милиони долари.
Колекцијата од пет дијаманти потекнува од непреработен дијамант од 179 карати, откриен во 2015 година во еден од државните рудници во реонот на Саха во источниот дел на Сибир.
“Алроса”, која е најголемиот производител на дијаманти во Русија, се занимавала со подготовката на колекцијата над една година и половина, соопшти нејзиниот извршен директор Сергеј Иванов во изјавата. Најголемиот дијамант во колекцијата е именуван во чест на последното императорско семејство на Русија – Романов, чие управување завршува пред век во 1917 година со абдикација на цар Николај II. Другите камења се крстени по руски аристократски семејства.