Руска компанија создаде мобилен телефон ненадминат во светот

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Технолошкото чудо излегува на пазарот поради големиот број инциденти со Note 7.

Руска компанија под името Zavod Goreltex се пофали дека почнува да произведува мобилни телефони, кои ќе издржат експлозија. Компанијата и сега произведува електрична опрема која е отпорна на експлозии.

1476727699-1

Според Bloomberg дел од асортиманот на Русите се состои од аларми, контролни панели и телефони.

Поради големиот број инциденти со Note 7 руската компанија решила да произведува телефони, отпорни на експлозии. CTG-ST е подобра верзија на претходниот телефон, создаден од компанијата.

Освен што ќе издржи експлозија, телефонот нема други подобрувања. Уредот е опремен со мал, 2,2-инчен екран со резолуција од 240 x 320 и содржи MediaTek MT6260A чип. Содржи меморија од 1MB заедно со MicroSD простор за дополнителна меморија. Има 3-мегапикселна камера и батерија од 2500 mAh.

Цената на телефонот се уште не е позната.