Руска лекарка: Не плашете се, секоја вакцина доведува до реакција

од Nikola Popovski

Заморот и температурата од околу 37 степени се нормални симптоми по вакцинирањето против коронавирусот, изјавила главната лекарка на руската Втора поликлиника, Наталија Шиндрјајева.

Како што вели, секоја вакцина доведува до одредена реакција на организмот, па тоа е и случај со вакцината против Ковид-19, пишуваат регионалните медиуми.

„Неопходно е да се следи сопствената состојба по вакцинирањето. Тоа е вакцината против коронавирус. Како и по другите вакцинации, има краток период кога може да почувствувате одредена слабост, ќе ви се спие, ќе имате ниска температура од 37 степени. Не плашете се, тоа е само прва реакција на организмот по приемот на вакцината“, изјавила таа.

Нормална реакција

Според Спутник, Шиндрјајева исто така изјавила дека секој што е вакциниран треба да добие лист со упатства во кои ќе бидат наведени сите можни несакани ефекти, како и упатства што да прави во случај да се појават.

„Како што обично велат нашите фармацевти – ако нема реакција на одреден лек, прашањето е дали тој воопшто е лек. Бидејќи ова е препарат кој создава имунитет, овие симптоми се нормална реакција што исчезнува за еден ден“, соопштила таа.

Слични содржини