Руска лизгачка низ солзи: Готово е, никогаш повеќе нема да стапнам на мразот

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Руските лизгачки беа во фокусот на Зимските олимписки игри. Очекувано, најмногу се зборуваше за Камила Валиева, 15-годишно девојче, која со својот настап во слободната програма маѓепса, а подоцна и разочара многумина. Но, се зборува и за реакцијата на Александра Трусова, нејзината колешка од репрезентацијата.

Трусова беше разочарана што не успеа да стигне до златниот медал во Пекинг. Таа врескаше по настапот, па дури и порача дека повеќе нема да се занимава со овој спорт.

„Никогаш повеќе нема да стапнам на мразот. Никогаш! Го мразам ова! Не е можно! Не може да биде вака. Нема да одам на доделувањето на медалите. Сите имаат злато освен мене! Ги мразам сите“, врескаше Трусова низ солзи. Таа натпреварувањето го заврши на второто место со четири бода помалку од новата олимписка шампионка Ана Шчербакова.

На крајот успеа да се смири, па одлучи да го прими медалот. Тоа беше нејзиниот прв медал затоа што не беше дел од рускиот тим кој го освои екипното злато претходно за време на Игрите.

Ана Шербакова го освои златниот медал со вкупен резултат од 255,95 поени, додека Александра Трусова, исто така Русинка, натпреварувањето го заврши на второто место со 251,73 поени. Третото место го освои Каори Сакамото од Јапонија со 233,23 поени, а Валиева остана на 224,09 поени.

Слични содржини