Руската новинарка Ирина Славина почина денес откако се самозапали пред зградата на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во Нижни Новгород.
Ирина Славина, уредник на локалниот „Коза“, почина еден ден откако полицијата изврши претрес во нејзиниот стан, објавија локалните медиуми.
Според Ројтерс, Славина пред да се запали на Фејсбук напишала: „Ве замолувам да ја обвините Руската Федерација за мојата смрт“.