Руска ракета навлегла во полскиот воздушен простор два километри

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Рано утринава руска балистичка ракета полета околу два километри во воздушниот простор на Полска, за да продолжи со летот кон целта во Украина, изјави портпаролот на полската армија.

„Еден од руските проектили летна во нашиот воздушен простор во 04:23 часот со брзина од речиси 800 километри на час и полета на полското небо околу два километри“, рече Јацек Горишевски и потврди дека целта на руската балистичка ракета била мета на територијата на Украина, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се додава дека руската ракета влегла во полскиот воздушен простор во близина на градот Осердов (Љублинско војводство) и дека со воен радарски мониторинг било утврдено дека поминала 39 секунди во полскиот воздушен простор.

Слични содржини