Руската амбасада во Вашингтон: Потезите на САД може да доведат до конфликт на нуклеарните сили

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Потезите на САД кои водат кон вклучување во хибридна конфронтација со Русија во контекст на Украина, може да доведат до ескалација и директен воен конфликт на нуклеарните сили. Ова го соопшти руската амбасада во Вашингтон.

Во дипломатската мисија посочија дека обрнале внимание на реториката на американската администрација дека активностите на Русија наводно не соодветствуваат со статусот на одговорна нуклеарна држава.

Амбасадата смета дека е страшно да се слушаат обвинувања против Русија поради неодговорност во нуклеарното поле од земјата која фрли нуклеарна бомба врз цивили во Хирошима и Нагасаки.

Во соопштението се додава и дека активностите на Соединетите Американски Држави без водење сметка за интересите и безбедноста на другите земји придонесуваат за зголемување на нуклеарните ризици.

Во руската амбасада го советуваа Вашингтон „поблиску да ја разгледа сопствената политика во нуклеарната сфера, наместо неосновано да ги обвинува оние земји чии ставови за светскиот поредок не се совпаѓаат со американскиот“.

Слични содржини