Руската Дума поддржа одземање на имотот на секој кој шири „лажни вести“ за армијата

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Долниот дом на рускиот парламент во средата даде конечно одобрување за новиот закон кој ќе им овозможи на властите да го одземаат имотот на луѓето осудени за намерно ширење лажни вести за војската.

Државната дума го одобри законот во трето и последно читање, објави претседателот на Долниот дом Вјачеслав Володин на својот официјален Телеграм канал, пренесува „Хина“ повикувајќи се на „Ројтерс“.

Воведување санкции
Мерката ќе важи и за оние кои се прогласени за виновни за „дискредитација“ на вооружените сили, оние кои бараат санкции против Русија и оние кои се прогласени за виновни за поттикнување екстремистички активности.

Новиот закон, кој допрва треба да биде одобрен од горниот дом на парламентот и претседателот Владимир Путин, ќе ѝ овозможи на државата да ги заплени имотите на Русите кои ја напуштија земјата и ја критикуваа војната во Украина и продолжуваат да се потпираат на приходите од изнајмување на нивните домови или станови во Русија.

Слични содржини