Водачот на руските платеници бунтовници Евгениј Пригожин во саботата изјави дека кутиите со готовина што ги пронашла руската безбедносна служба ФСБ во возила во близина на неговата канцеларија во Санкт Петербург, требало да ги покријат платите и другите трошоци на неговите борци од групата Вагнер.
Руските медиуми, чии информации не можат да се проверат, пишуваат дека во картонските кутии имало 4 милијарди рубљи (47 милиони долари).