Руската морнарица на најголемата воена вежба во Балтичкото Море

од desk2
125 прегледи

Руската морнарица ја започна големата воена вежба во Балтичкото Море во која учествуваат 70 бродови и 10.000 војници, соопшти руското Министерство за одбрана.

Вежбата, која се очекува да трае девет дена, вклучува и 58 воени авиони, соопшти Министерството, додавајќи дека целта на вежбата е да се тестира руската воена готовност.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека Русија мора да ги зајакне своите поморски сили.

Минатиот месец, НАТО и Украина спроведоа воени вежби во Црното Море, за кои Русија смета дека е нејзина сфера на влијание.