Руската полиција уапси повеќе од 100 луѓе кои излегоа на улиците на руските градови за да го одбележат 47-от роденден на најистакнатиот руски опозиционер Алексеј Навални, соопшти групата за набљудување на протестите ОВД-Инфо.
Во соопштението се наведува дека вчера во 23 градови биле уапсени 109 лица. Навални отслужува затворска казна од 11 и пол години за измама и непочитување на судот, обвиненија кои тој го отфрли.
Снимките од Москва и Санкт Петербург покажуваат како полицијата апси демонстранти, објави „Ројтерс“.
На видеата се гледа како во Москва е уапсен маж кој држи натпис на англиски јазик кој гласи: Ослободете го Навални!
Во април беше отворен случај против Навални под обвинение за тероризам, во кој тој може да биде осуден на уште 30 години затвор.