Руската ПВО утрово уништила три дронови кои целеле кон Москва

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Руската противвоздушна одбрана уништи три беспилотни летала кои рано утринава се обидоа да ја нападнат Москва, а нема повредени, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Тој рече дека силите за противвоздушна одбрана уништиле дрон во областа Твер во областа Завидово, кој летал во правец на Москва, а нема жртви или материјална штета.

Собјанин на Телеграм напиша дека службите за итни случаи излегле на местото на настанот.

Градоначалникот претходно изјави дека во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана уништиле беспилотни летала во регионот Калуга и областа Истра во Московската област, кои се обидувале да ја нападнат Москва и дека никој не е повреден, а оштетен е сервисен објект во областа Истра, објави РИА Новости.

Собјанин изјави дека остатоци од дрон паднале врз селото Завидово во областа Твер.

Според агенцијата РИА Новости, официјалната резиденција на палатата на рускиот претседател Владимир Путин – „Рус“ се наоѓа во Завидово.

Руските новински агенции јавија дека речиси 50 летови биле откажани или одложени рано утринава од четири големи аеродроми во близина на Москва.

Украинската армија секојдневно ги напаѓа руските региони со беспилотни летала, главно пограничните области, регионите Курск, Брјанск и Белгород, како и Крим.

Слични содржини