Руската православна црква не ги признава одлуките за статусот на МПЦ, кои беа донесени без учество на Српската православна црква (СПЦ).
-Признавањето на „Охридската црква“ од страна на Вселенската патријаршија претставува груба и политички мотивирана инвазија на СПЦ, изјавил заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква, Николај Балашов.
„Вселенската патријаршија, како и во случајот со Украина, повторно одлучи да биде единствениот и самопрогласен арбитар во целиот православен свет, единствениот и неприкосновен арбитар за сите црковни прашања, со грубо антиканонски и политички мотивирани посегнувања врз Српската православна црква. Но, легитимна одлука за статусот на Православната црква во Република Северна Македонија може да донесе само Српската патријаршија преку нејзиниот архиерејски собор. Секоја одлука донесена без учество на автокефалната Српска православна црква нема да биде признаена од Руската православна црква. Се надевам дека тоа нема да го признаат ниту другите помесни православни цркви“, рекол Балашов, пренесуваат српските медиуми.
Фото: РИА Новости / Пресс-служба Патриархии РПЦ