Руската вакцина ефикасна и во борбата против новиот вид на коронавирус откриен во Европа

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Руската вакцина „Спутник V“ е ефикасна против новата мутација на коронавирусот откриена во бројни европски земји, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитријев.

„Потврдуваме дека, според нашите информации, „Спутник V“ е исклучително ефикасна против новата мутација на вирусот откриена во Европа. Еднакво е ефикасно и против тој вид и против постојните“, истакна Дмитријев на состанокот по повод потпишувањето на меморандумот за соработка во борбата против коронавирусот.

Тој додаде дека „Спутник V“ ја покажа својата ефикасност и покрај претходните мутации во С-протеинот.

Да потсетиме, Рускиот национален истражувачки центар „Гамалеја“, англо-шведската биофармацевтска компанија „Астра Зенека“, Рускиот фонд за директни инвестиции и компанијата „Р фарм“ потпишаа меморандум за соработка во борбата против коронавирусот.

Слични содржини