РУСКАТА ВАКЦИНА НЕМА ДА БИДЕ ИСТА ЗА СИТЕ? „Спутник 5“ ќе има две категории, а еве по што ќе се разликуваат

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Руската вакцина против коронавирус „Спутник 5“ ќе биде различна за деца и возрасни, изјави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, Александар Бутенко.

– Ќе има две категории вакцини: за возрасни и за деца. Ќе биде поблага за децата и ќе предизвика помалку реакции. Децата имаат помала телесна тежина од возрасните и затоа ќе добијат помала доза. Во исто време, имунолошкиот систем на детето не е толку развиен како кај возрасните – рече Бутенко.

Тој објасни дека сите вакцини имаат градации – за деца и возрасни и најави дека ќе се занимава со „детските“ вакцини по завршувањето на фазата на масовно тестирање на возрасни лица, односно лица постари од 18 години.

Руското Министерство за здравство вчера објави дека првата група на вакцини „Спутник 5“, произведена од научниот центар „Гамалеј“, е пуштена во промет.

Во соопштението се наведува дека првата серија на оваа вакцина ги поминала потребните контроли на квалитетот во лабораториите на руската служба за здравствен надзор „Росздравнадзор“ и дека наскоро се очекува испорака на вакцини во руските региони.

Александар Гинзбург, директорот на центарот „Гамалеј“, рече дека се планира да се вакцинира поголемиот дел од руската популација против вирусот до летото 2021 година.

Тој прецизира дека е потребно да се вакцинираат две третини од населението за да може ситуацијата да биде под контрола, односно од 70 до 75 милиони луѓе.

Слични содржини