Русија објави дека вакцината против ковид-19 на рускиот истражувачки институт Гамалеј е ефикасна 95 проценти.
Ова се прелиминарни резултати добиени 42 дена по приемот на вакцината „Спутник V“. Бројот на луѓе на кои се однесуваат резултатите од ова клиничко испитување не е наведен.
Русија уште во август, пред клиничките тестови на големо, објави дека „Спутник V“ е ефикасна.
Ова тврдење предизвика сомнежи во меѓународната научна заедница.
Во меѓувреме, резултатите за ефективноста на вакцината ги објавија Оксфорд / АстраЗенека, американско-германски Фајзер / Бионтек и американска Модерна.
Вакцините Фајзер / Бионтек и Модерна покажаа заштита до 95 отсто, додека вакцината развиена на Универзитетот во Оксфорд од британско-шведската компанија АстраЗенека штити 70 отсто.