Руската вакцина „Спутник V“ далеку поефтина од оние на „Фајзер“ и „Модерна“

339 прегледи

Откако утринава беше позната цената на вакцината која ќе ја пласира на пазарот фармацевстската компанија „Модерна“ и ќе чини од 25 до 27 долари, се огласи и руската конкурентна компанија.

Имено, цената на вакцината „Спутник V“ ќе биде значително пониска од оние на „Фајзер“ и „Модерна“, објави руската компанија на својот твитер профил.

Се наведува дека објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер“ и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена“ всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на една личност и требаат две дози на вакцината „Фајзер“,„Спутник V“и „Модерна “.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Слични содржини