Рускaта вицепремиерка: 117.000 вакцини против корона веќе пуштени во промет

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Досега во промет се пуштени 117.000 вакцини „Спутник V“, а се планира да се произведат повеќе од два милиони дози до крајот на годината, изјави вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова.

Таа зборуваше на седницата на Координативниот совет на комесарот за човекови права. Таа потсети дека досега се регистрирани две вакцини во Русија, покрај вакцината „Спутник V“, тука е и „ЕпиВакКорона“ произведена од научниот центар „Вектор“ од Новосибирск.

Се работи на уште една вакцина и во моментов научниот центар „Чумаков“ при руското Министерство за одбрана ги спроведува своите клинички испитувања.

Тестовите се очекува да завршат до крајот на декември, додаде таа.

„Од регистрацијата на вакцината ‘Спутник V’, во промет се пуштени 117.000 дози, а до крајот на годината се планира да се произведат повеќе од два милиони. Вакцинацијата најпрво ќе се изврши на лица кои припаѓаат на ризичните групи – медицинските и педагошките работници“, рече Голикова.

Според неа, масовната вакцинација е планирана за следната година. Таа ќе биде доброволна, потенцира Голикова.

Таа додаде дека статистичките податоци за бројот на пациенти и смртни случаи во Русија од коронавирусот сведочат за многу напната ситуација.

Слични содржини