Руски воен авион случајно истрелал проектил врз градот Белгород во Русија, во близина на границата со Украина, во четвртокот доцна навечер, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана.
Russian SU-34 plane accidentally dropped a bomb on Belgorod, which was meant for Kharkiv region. Karma can be very special sometimes. pic.twitter.com/avfd6sCz3R
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) April 21, 2023
Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш над границата со Украина. Регионалниот гувернер изјави дека се повредени две жени.
„Додека авионот Сухој Су-34 летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање оружје“, велат од ТАСС, објавувајќи го соопштението на Министерството за одбрана.
Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор.
poor russian bitch shits herself over.
"During the flight of the Su-34 aircraft over Belgorod, there was an accidental landing of aviation ammunition", russian ministry of war reported. pic.twitter.com/hhGZWLD3XN— Father Shiva ➩ (@shiva_ukraine) April 21, 2023
Министерството соопшти дека се оштетени некои згради и објави дека истрагата веќе е во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.
На видеата од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла. На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница.
Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.