Руски авиони почнаа да патролираат на границата меѓу Сирија и Израел

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Руските воздухопловни сили започнаа воздушни патроли долж линијата за разграничување меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина, соопшти денеска рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија.

„За следење на ситуацијата, воените авијациски единици на руските воздухопловни сили организираа воздушни патроли долж демаркационата линија што ги дели вооружените сили на Израел и Сириската Арапска Република“, изјави заменик-шефот на Центарот Вадим Кулит, пренесe ТАСС.

Коментирајќи ја ситуацијата во Сирија, рускиот претставник рече дека се регистрирани три напади на милитантни групи врз сириските провладини сили – еден во Алепо и два во Идлиб.

Слични содржини