Руски банкар: Русија не е во можност да и помогне на Грција

од desk3
82 прегледи

Русија не е во можност да и помогне на Грција да ја реши должничката криза. Европската унија треба да најде излез самата, изјави главниот извршен директор на втората по големина руска банка ВТБ Андреј Костин, цитиран од Ројтерс.

655-402-andrej-kostin-vtb

Тоа е проблем на Европа “, рече рускиот банкар во УфА, каде утре официјално започнува самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

“Европа го создаде (проблемот) и треба сама да го решава. Не мислам дека Русија е во позиција да помогне “, додаде Костин, цитиран од Ројтерс.

Планот на доверителите на Грција не издржува никаква критика и позицијата на Атина е јасна, коментира уште шефот на ВТБ, цитиран од агенциите.