На социјалните мрежи денеска почна да се шири видео од рускиот воен блогер Алексеј Смирнов, кој го води каналот Krupnokalibernyy Perepolokh на Јутјуб, како се обидува да пука од шведскиот противтенковски фрлач АТ-4.
Јутјуберот следен од 1,45 милиони корисници објави видео во кое се обидува да спореди различни типови руски ракетни фрлачи RPG со легендарниот шведски АТ-4.
Смирнов се обидел да пука од АТ-4, но оружјето го погодило во лицето. Изгледа не разбрал во што е проблемот, па заклучил дека НАТО оружјето е „глупост“.
Russians. pic.twitter.com/zBPR0jeMVd
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) April 9, 2023
Заедно со исечок од неговото видео, на Твитер беше објавено видео од американски војник како правилно го користи фрлачот – држејќи ја предната рачка. Имено, на предната страна на фрлачот има рачка која е дизајнирана да помогне во одржувањето на стабилноста при пукање, а која војникот треба да ја држи со левата рака.