Руски брод задржан поради пијан екипаж

од Milan1

Поморската канцеларија на полскиот град Гдиње денеска соопшти дека вчера бил задржан рускиот брод Руслана.

Бродот е задржан откако се движел кон плажата на островот Собјешево вон одредената навигациска рута.

По проверката на бродот од полскиот Државен инспектор на поморската канцеларија во Гдиње и граничарите утврдено е дека тројца членови на екипажот, меѓу кои и капетанот, биле пијани.

Слични содржини