Рускиот дисидент Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот Русин и олигарх кој собрал големо богатство на сомнителни приватизации во 90-тите, по што завршил во затвор поради конфликт со Владимир Путин, даде интервју за виенски „Дер Стандард“ во кое, меѓу другото, зборуваше за плановите и потезите на Кремљ за спроведување на надворешно-политичките интереси и цели преку одредени земји, а посебно ги спомена Австрија и Србија.
На изјавата дека австриските политичари и австриските компании во банкарскиот и енергетскиот сектор одржуваат блиски врски со Кремљ во последните 20 или 30 години, и дека дури и во сегашната ситуација на инвазијата на Украина, аргументот за неутралност не е целосен за да ги раскине тие врски со Москва и на прашањето како ги оценува односите на Австрија и Русија, Ходорковски рече дека редовно ја следи австриската политика и дека може со сигурност да каже дека влијанието на Путин врз Австрија е огромно.
„Како што покажаа и резултатите од мојот досие центар кој го испитува незаконското влијание на Путин врз другите земји. Кога бугарскиот новинар на Bellingcat, Кристо Грозев неодамна ја напушти Виена поради безбедносни проблеми, тоа воопшто не беше забавно. Неговиот живот беше во опасност. Ако се земе предвид бројот на професионални „спијачи“ (убијци), на Путин му е многу полесно да убие некого во Австрија отколку во другите европски земји“, смета Ходорковски.
Запрашан колку е вистинското влијание на Путин врз богатството на руските олигарси, тој вели дека многу се смеел на западните проценки и верувањето дека руските олигарси ќе извршат притисок врз Путин по воведувањето на западните санкции. „Нема олигарси во диктатура. Тие се агенти на Путин. За возврат, вие имате многу агенти со големи пари на Запад. Влијанието на Путин врз нив е прилично лесно да се измери – само замолете ги да ја осудат агресијата на Путин и да се оградат од него, за да можат да ги задржат и да ги трошат своите милијарди. Никој не го стори тоа. Тоа е неговото влијание“.
Запрашан да го коментира прашањето за руската кампања за дезинформации и финансирањето на десничарските партии на Запад, Ходорковски вели дека Путин ги поддржува радикалите од која било природа. „Се работи за дестабилизација. Тогаш тој може да се позиционира како оној кој управува со нестабилна ситуација. Ако војната продолжи, тој ќе се обиде да го дестабилизира Балканот за да им го отежне животот на Европејците“, рече Ходорковски и на прашањето дали Кремљ тоа би го направил преку Србија, тој потврдно одговори.
„Апсолутно. Русите за среќа се идиоти. Се обидоа во Црна Гора и ја оттурнаа таа земја од нив, го изгубија своето влијание. Но, не може секогаш да сметате на тоа дека се кретени цело време. По санкциите, сепак, влијанието се намали, на пример во Германија. Но, десничарските екстремисти се природни партнери на Путин. Тој го знае тоа. А бидејќи гласачите на радикалната десница обично го поддржуваат Путин, тие не ја губат поддршката дури и кога Путин оди во војна. Сето ова треба да биде внимателно следено“, заклучи Ходорковски.