Руски дрон погоди автобус во Украина, загинаа 12 лица

Во руски напад со дрон врз автобус во југоисточниот дел на Украина, во Дњепропетровска област, загинаа 12 лица, а уште седум се повредени, соопшти гувернерот на регионот Олександр Ханжа.

од desk4
13 прегледи

Во руски напад со дрон врз автобус во југоисточниот дел на Украина, во Дњепропетровска област, загинаа 12 лица, а уште седум се повредени, соопшти гувернерот на регионот Олександр Ханжа.

Ханжа претходно информираше дека во ноќниот руски напад врз градот Днипро животот го загубиле маж и жена.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека Русија во текот на ноќта лансирала 90 напаѓачки дронови, од кои 14 погодиле девет локации низ земјата.

Покрај тоа, руско гранатирање го погодило и центарот на Херсон, при што тешко е повредена 59-годишна жена, објави градската воена управа во соопштение на социјалните мрежи.

Слични содржини