Руски дрон удрил во патнички воз во Украина, најмалку четири загинати

Најмалку четири лица загинаа во напад на руска беспилотна летала врз патнички воз во Харкивската област, на истокот на Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

од desk4
9 прегледи

Според неговата објава на платформата X, четири лица сè уште се водат како исчезнати, а две се повредени. Зеленски оцени дека нападот претставува терористички чин, нагласувајќи дека нема никакво воено оправдување за напади врз цивили.

„Во која било земја, напад со дрон врз патнички воз би се сметал за тероризам. Нема оправдување за убивање цивили во вагон“, напиша Зеленски, повикувајќи на зголемен меѓународен притисок врз Русија и санкционирање на одговорните.

Според различни официјални извори, во возот имало меѓу 155 и 291 патник. Украинскиот министер за развој, Олексиј Кулеба, изјави дека нападот бил извршен со три дрона „Шахед“, кои предизвикале пожар. Возот сообраќал на релација Барвинкове–Лавов, кон западот на земјата, а сите патници биле евакуирани.

Руски напади врз украинскиот железнички систем и во минатото предизвикуваа жртви и значителна материјална штета, соопштуваат украинските власти.