Украинските сили во текот на ноќта собориле десетина руски дронови во киевскиот регион, соопшти управата на градот Киев.
Како што соопштија властите во Киев на Телеграм, станува збор за иранските дронови камикази Шахед.
Во различни делови на градот се слушнале експлозии.
Остатоци од дроновите паднале во пет различни делови на градот, оштетени се некои згради, а две лица се хоспитализирани со рани од шрапнели.