Руски експерт за забраната за Лавров: Македонија, Црна Гора и Бугарија се неблагодарни кон Москва, која им помагаше низ историјата

од Nikola Popovski
272 прегледи

Одбивањето на Северна Македонија, Црна Гора и Бугарија да го пропуштат авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кон крајната дестинација Србија, според руските политички експерти е „потврда за зависноста на тие земји од западните центри на моќ и тажен пример за нивната неблагодарност кон Русија, која им помагала низ историјата“.

Рускиот експерт Дмитриј Јевстафјев, предавач на Високата школа за економија, смета дека одлуката на Подгорица, Скопје и Софија е „за жалење“.

„Црногорците имаат една поговорка: Нè има милиони со Русите, а без Русите два камиони. Па, ете сега се два камиони. Ќе ги пуштиме и ќе ги испратиме со тажен поглед. Достоевски напиша дека Русија не може да најде поголеми мразители од сите оние словенски племиња што ги ослободила. Сакаат пак да бидат робови и што да правиме. Очигледно беа среќни во своет ропство под Турците, Австријците, Германците. Им дадовме можност да бидат одговорни за својата судбина, а еве како го искористија тоа право“, иронично забележал Јевстафјев, објави „Спутник“.

Слични содржини