Руски експерти: Изјавите на Ердоган за рускиот гас е предизборна реторика

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со купувањето на руски гас се предизборна реторика, а не реална намера, сметаат руски експерти, јави ТАСС.

putin_erdogan

– Разликите меѓу Русија и Турција во врска со Сирија постојат одамна, истакна заменик-директорот на рускиот Фонд за национална енергетска безбедност Алексеј Гривач.

Во Турција меѓутоа претстојат избори и Ердоган треба да добие дополнителни политички поени и тоа се објаснува со неговите зборови, поврзани со купувањето руски гас, рече Гривач.

– Ние сме потрошувач број еден на рускиот природен гас. Би било голема загуба за Русија да ја загуби Турција, изјави турскиот претседател.

Директорот на рускиот Институт за национална енергетика Сергеј Правосудов рече дека Ердоган има потреба да привлече нов националистички настроен електорат, за да победи на изборите, кои ќе се одржат за три седмици.