Шведските поморски власти објавија известување со предупредување за истекување на руски гас од гасоводот Северен тек 1 во шведските и данските територијални води. Предупредувањето беше издадено набргу откако беше откриено дека гас истекува и од гасоводот Северен тек 2.
„На две места истекува гас од Северен тек 1. Едното е во шведскиот екосомски појас, а другото е во данскиот. Станува збор за две локации кои се многу блиску една до друга“, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на Шведската поморска управа.
Вчера беше објавено дека тече гас и од Северен тек 2
Гас истекува североисточно од данскиот остров Борнхолм, изјави портпаролот. Причината за истекувањето се уште не е позната.
„Будно внимаваме за да се осигураме дека ниту еден брод нема да се приближи до местото на истекување на гасот“, рече портпаролот.
Синоќа данските власти ги повикаа бродовите да се држат настрана од локацијата на истекување на гас југоисточно од Борнхолм, откако беше откриено дека гасот тече од гасоводот Северен тек 2 во Балтичкото Море.