316
На рускиот гимнастичар Иван Кулијак му е изречена едногодишна суспензија поради носењето на воениот симбол „Z“ во Катар во март оваа година.
Кулијак освои бронза во финалето на вежбите на разбој на Мундијалот во Доха и ја покажа буквата „Z“ залепена на градите додека стоеше покрај Украинецот Илија Ковтун, кој освои злато, јавува Би-Би-Си.
Гимнастичарот сега мора да го врати медалот, но има право да поднесе жалба во рок од 21 ден.