218
Руски и американски дипломати се сретнаа денеска во Истанбул и разговараа за бројни технички прашања меѓу Русија и САД, соопштија рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и американската амбасада во Анкара.
„За војната во Украина не се разговараше“, изјави портпаролот на американската амбасада.
Рјабков изјави дека на состанокот учествувале шефовите на секторите од министерството за надворешни работи на Русија и американскиот Стејт департмент.