Руски институт: Спутник V штити од сите варијанти на ковид 19, вклучувајќи ја и делта

од Берта Китинска
358 прегледи

Рускиот институт што ја разви антивирусната вакцина Спутник V објави дека штити од „сите познати варијанти“ на вирусот, вклучувајќи ја и делтата варијанта на ковид 19 одговорен за скокот на епидемијата во таа земја.

Главниот град Москва и околината, како и вториот по големина град во земјата, Санкт Петербург, се особено погодени од новиот бран на инфекции, а се забележуваат рекордни бројки на заразени лица додека се имунизира населението.

Московскиот регион денес го забележа најголемиот дневен скок на инфекции од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи а само во Москва се регистрирани 7.584 нови случаи . На крајот на неделата, бројот на дневни нови инфекции надмина 9000.

Според градоначалникот на Москва, Сергеј Шобјанин, околу 90 проценти од новите случаи на инфекција се од сојот делта, заразен вид што првпат се појави во Индија и се заканува да преоптоварува болници во рускиот главен град.

Во тој контекст, Александар Гинтсбург, директорот на центарот Гамалеј кој ја направи вакцината Спутник V, рече дека две дози од оваа вакцина „штитат од сите сега познати соеви, почнувајќи од британската до варијантата делта, односно индиската варијанта“.

Тој сака да го охрабри населението да се вакцинира, додека имунизацијата е забавена поради сомневање кај луѓето, и покрај постојаните повици на рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини