Руски медиум: Путин мобилизирал младо момче со шизофренија и аутизам

од Nikola Popovski

Воениот комесаријат во Москва упати повик за мобилизација на Георги Голоколенко, 21-годишен инвалид, на кого му се дијагностицирани шизофренија и аутизам.

Момчето и официјално било прогласено за неспособно за работа.

Во 2020 година, неговата мајка поднела барање да добие законско старателство над него поради неговиот инвалидитет, пишува Новаја Газета.

Рускиот суд официјално пресудил дека Голоколенко е неспособен за работа и не може да се грижи за себе.

Според неговите блиски, младиот човек не може ни да зборува. Никогаш не одел на училиште, ниту служел војска. Од лекарското уверение се гледа дека уште како дете бил пријавен како инвалид.

Според руските опозициски медиуми, ова не е првпат да се регрутира лице со одредени потешкотии или здравствени проблеми. Претходно, регрутниот центар во руски Сахалин мобилизирал 40-годишен маж на кој му беше дијагностициран дијабетес тип 1 и тешко оштетување на ‘рбетот.

Лидерите на Владимирската област Јакутија, Севастопол и Бурјатија со денови известуваат за бројни прекршувања на правилата за спроведување на делумна мобилизација. Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, претходно изјави дека регионалната влада повлекла 70 повици за војска, по жалбите на локалните жители.

Слични содржини