Руски медиуми: Лекари одбиле да оперираат спортист бидејќи е Русин

од Nikola Popovski
299 прегледи

Млади руски хокеар од клубот Салават Јулаев бил одбиен во Финска, бидејќи клиниката не сакала да го оперира само поради неговата националност.

Познато е дека Русија ја нападна Украина пред неполни два месеци, а војната меѓу двете земји трае оттогаш.

Многу земји се свртеа против Русија и „удираат“ на различни начини на различни полиња, а Финците одлучија тоа да важи и за медицинските услуги на руските граѓани.

Клубот од КХЛ лигата, кој со години соработува со фински лекари, сега се најде пред „ѕид“, пишуваат „Раша тудеј“ и руските медиуми.

Николај Валуев, поранешен боксер, а сега функционер на руската Дума, вели дека овде нема етика.

„За каква етика станува збор овде? Секоја приватна клиника може да одбие интервенција од која било причина, но ако таа се прави само врз основа на националноста на еден хокеар, тогаш тоа е кршење на сите етички стандарди“ рече Валуев.

Слични содржини