Руски медиуми: Поканата на Лавров прифатена, шефот на српската дипломатија ќе ја посети Москва

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Србија ја прифати поканата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, па шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ ќе ја посети таа земја, јавуваат руските медиуми.

– Србија со големо задоволство и очекувања ја прифати поканата на Лавров Селаковиќ да ја посети Русија. Претседателот даде инструкции за организирање на посетата – изјави амбасадорот на Русија во Србија, Боцан Харченко, а пренесе агенцијата ТАСС.

Потсетуваме, Сергеј Лавров требаше да ја посети Србија, но поради забраната за летови на Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија, шефот на руската дипломатија ја откажа посетата.

– Нашите односи со Србија нема да бидат уништени. Никој нема да ги уништи – рече Харченко и изрази надеж дека авионот со Селаковиќ ќе помине во Москва и дека „нема да го доживее срамот од Брисел“.

Слични содржини