Руски научници експериментираат со вакцина врз база на јогурт

од Nikola Popovski
305 прегледи

Научниците од Институтот за експериментална медицина во Санкт Петербург започнаа со тестирање на експериментална вакцина против Ковид, базирана на бактерии од млечна киселина (јогурт, кисело млеко) и делови од алфа и делта соеви, изјави денеска шефот на одделот за микробиологија во Институтот, член на Руската академија на науките Александар Суворов, објави Танјуг.

Суворов процени дека вакцината може да се направи во течна форма или во капсули.

„Кога го направивме првиот ензим на млечна киселина, се фокусиравме на првиот вид на коронавирус. Продолживме со истражувањето, бидејќи вирусот е упорен и циркулира во многу земји, иако во различна мера. Видот на делта почнува да доминира во Русија. Дојдовме до првата верзија која содржи делови од протеинот на коронавирусот што одговараат на соевите алфа и делта. Тие беа вклучени во составот на кандидатите за новата вакцина “, рече Суворов, пренесе ТАС С.

Вакцината е во претклиничко испитување, се тестира на животни, а креаторите велат дека предизвикува стабилен имунолошки одговор.

Тој вели дека останува да видиме до кој степен предложената вакцина може да гарантира заштита, изразувајќи надеж дека овој дел од истражувањето ќе започне до крајот на годината.

Слични содржини