Руски научници: Назалната верзија на „Спутник V“ без контраиндикации

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Вакцината против коронавирус во форма на капки за нос, што ја развива Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, нема да има контраиндикации како треска и главоболка, изјави директорот на Центарот, Александар Гинцбург, пренесе „Спутник“.

„Дури и оние мали контраиндикации, кои сега се присутни, како што се главоболка и треска, нема да се манифестираат за време на назалната употреба на лекот. Причината за тоа е што лекот се применува локално и не предизвикува реакции во форма на температура“, рече Гинцбург.

Претходно, заменик-градоначалникот на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова, објави дека назалната форма на вакцината „Спутник V“ е двокомпонентна, во спреј и само лекарите можат да вршат примена.

Слични содржини