Руски научници разменуваат информации со СЗО за новиот вид на коронавирус

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Руски научници разменуваат информации со странски колеги и претставници на Светската здравствена организација (СЗО) во врска со новиот вид на коронавирусот што се појави во Велика Британија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека податоците се разменуваат врз основа на информации што се моментално достапни.

Министерството објасни дека портпаролот Марија Захарова претходно не изјави дека Русија добила нови примероци од Велика Британија, но дека научниците разменувале информации со странски колеги, пренесе ТАСС.

Британскиот министер за здравство и социјална помош, Метју Хенкок, на 14 декември изјави дека во Велика Британија е откриен нов вид на корона, што може да биде причина за брзото ширење на инфекцијата на југо-истокот на Англија.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, на 19 декември изјави дека сегашните откритија покажуваат дека новиот вид на вирус е за 70% позаразен, но дека нема докази дека е поубиствен од вирусот, за кој се знаеше порано.

Слични содржини