Руски нобеловец: Навални е убиен, условите во затворот доведоа до негова смрт

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Смртта на критичарот на Путин, Алексеј Навални е „убиство“, изјави уредникот на руски весник и добитник на Нобеловата награда за мирм Дмитри Муратов.

Муратов додаде дека верува оти затворските услови довеле до неговата смрт, пренесува Sky News.

Леонид Волков, шеф на кабинетот на Навални, рече дека изјавата на затворската служба може да се протолкува како „признание“ дека тие намерно го убиле Навални.

На први септември минатата година, руските власти го прогласија Муратов за „странски агент“ поради промовирање на „мислења насочени кон формирање негативен став кон внатрешната и надворешната политика на Русија“.

Слични содржини