Мараја Кери и Сер Елтон Џон пееја на прославата.

Сер Елтон Џон и Мараја Кери добија милиони, за да пеат на свадбата на 19-годишната внука на рускиот олигарх Валери Коган, која беше организирана во Лондон, пренесува “Дејли Меил”.
Американската поп ѕвезда, која продолжува да биде бомбардирана од страна на медиумите поради гафот на новогодишното шоу на “Тајмс Сквер”, долетат од САД, за да ја отпее својата песна “We Belong Together” на младата двојка, за што и беа платени 2,5 милиони фунти.
Сер Елтон Џон, кој никогаш не се зафатил за приватна работа за помалку од 1 милион фунти, испеа 12 песни во познатиот хотел во Лондон. Претседателскиот апартман во него чини 1. 450 фунти на вечер.
Антонио Бандерас исто така беше дел од сјајната прослава, а дури и одржа говор. На листата на гости присуствуваа исклучително познати руски уметници, актери и модни икони.
Филип Киркоров исто така беше меѓу нив, иако не е толку популарен во Велика Британија, но во Русија тој регистрира милионска продажба на своите албуми.