Руски опозиционер осуден на осум и пол години затвор поради критикување на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
131 прегледи

Рускиот апелационен суд денеска ја потврди казната од осум и пол години затвор на рускиот опозиционер Илја Јашин поради критикување на офанзивата во Украина. Првостепената казна изречена во декември „останува непроменета“, изјави судијата.

Јашин (39) е прогласен за виновен за ширење „лажни информации“ за руската армија.

„Чувството на морална супериорност над крадците и убијците кои ја презедоа власта ми дава сила. Тие знаат дека не се плашам од нив“, рече Јашин за време на сослушувањето, според транскриптот што неговиот тим го објави на Телеграм.

Тој е осуден поради осудата на „убиствата на цивили“ во украинскиот град Буча, недалеку од Киев.

Неговото судење беше особено внимателно следено во Русија, бидејќи тој е еден од последните истакнати опозиционери кој не ја напуштил земјата или не бил затворен.

Слични содржини